Tuesday, June 12, 2012

Soundscape in urban environment

post global recordings & co-linear recordings ви претставуваат

Soundscape in urban environment

Работилница за звук во урбан пејзаж

Градски парк, Скопје;  15 Јуни 2012 
Фестивал за креативни индустрии "Скопје Креатива" 
http://www.facebook.com/events/378103748917514/

Куратори и координатори: Тони Димитров и Сашe Пуцковски
Гости предавачи: Елена Стојановска и Димитар Додовски



Soundscape – Urban е интерактивна работилница од отворен карактер наменета за локални артист и млади кој се заинтересирани за звук, теренско снимање, аудио монтажаи продукција, радио арт, саундарт и сл. и сите оние кој имаат интерес да се запознаат со основите на звучната уметност. Работилницата ќе се состои од презентации и практична работа со звук, каде низ текот на оваа работилница ќе имаат можност прво теоретски да се запознаат со проблематиката и начинот на работа, а потоа и практично ќе се запознаат со концептот на теренско снимање со преносни аудио снимачи, како и целосен третман на снимениот звук од трансфер, монтажа, процесирање, секвенцирање па се до креирање и продукција на конкретна звучна форма како на пример:
•    аудио книга
•    аудио упатство
•    аудио мапа
•    звучна библиотека
•    радио форма
•    радио арт и сл.

Низ заеднички брејнсторминг самостојно ќе работат на развој на самиот концеп на работилницата, ќе се разгледаат и темите околу урбаната средина, градот, начин на гледање на градот и ќе се направи пресек на темите околу тоа кој е звукот на градот и трансмисија на локација низ звук.
Потоа ќе биде презентирано и дискутирано значењето на снимањето и едитирањето на звукот по што учесниците избираат тема и локација од градот за креирање аудио снимка. Низ современи методи на работа учесниците ќе имаат можност да се запознаат и конкретно со хардверски пристап на работа (опрема за синмање) како и со софтверски пристап преку програмите за аудио монтажа како Sony Sound Forge и аудио продукција Ableton Live. Дополнително гостите предавачи ќе направат презентација на својте аудио креации кој се блиски до концептот на работилницата и ќе водат една од групите во понатамошниот процес на работилницата.
Вториот дел од програмата е практичен и се состои од практични задачи како работа со софтвер, хардвер за снимање, излегување на терен и снимање, припремање и едитирање на снимките. Финалната фаза се состои од креирање на некоја од споменатите конкретни звучни форми со примена на претходно направените снимки. На крајот на работилницата сработените резултати ќе бидат презентирани во рамките на самиот фестивал.
Овие снимки во нивната завршна форма исто така ќе бидат емитувани на музичкото радио Канал 103, а дел од нив ќе бидат употребени за креирање на 30 минутни програми за следниот круг на емитување на RADIA– транс европската радио мрежа (http://www.radia.fm/), каде е вклучено радиото Канал 103, со можност за презентација на овие дела на повеќе од 20 светски радио станици кои се занимаваат со звучна и радио уметност.

Работилницата ќе продолжи со свој втор и поинаков дел наредната недела во природна средина во планинското село Лазарополе.

Апликацијата за учество:

Секој заинтересиран може да се пријави, a учеството е бесплатно. На следниот линк можете да ја преземете апликацијата за учество на работилницата Soundscape in urban environment.


No comments:

Post a Comment